Косовската МНР: Граѓаните на Косово одлучуваат за својата иднина во ЕУ и НАТО, а не соседите
Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала изјави дека „граѓаните на Косово одлучуваат за својата иднина во ЕУ и НАТО, а не соседите“, пренесува Репортерс.
Како што наведе таа, дури 93 отсто од жителите на Косово го поддржуваат членството во НАТО и ЕУ.
„Во Косово не сакаме само да се приклучиме на Европската унија, туку да имаме најмлада популација во Европа, да ги имаме најпроевропските и најпро-НАТО луѓе во Европа. Морам да истакнам дека повеќе од 93 отсто од луѓето во Косово го поддржуваат членството во НАТО и во Европската Унија. И навистина верувам дека за својата иднина треба да одлучуваат луѓето во државата, а не соседите“, заклучи Гервала.
Taa смета дека ЕУ и НАТО мора да бидат отворени за оние кои, како што вели, делат исти вредности.
„НАТО и Европската унија мора да ги отворат вратите за оние земји кои имаат за цел и се борат за истите вредности, истите принципи како земјите од НАТО и ЕУ. Не треба да има место за оние земји како Србија кои сакаат да имаат пари од Европската унија да купуваат руско оружје и да ги поддржат руските амбиции во Европа. Но, за сите останати кои се подготвени да ја завршат својата домашна задача, конечно е време да се приклучат“, изјави Гервала за канадскиот CBC.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Македонското МНР со сочувство до Индија по…
Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…