Објавено на:

Косовската тениска федерација бара Ролан Гарос да го казни Ѓоковиќ за пораката “Косово е срцето на Србија”

t

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Петрит Селими остро ја осуди пораката што Новак Ѓоковиќ ја напиша на камерата на Ролан Гарос по победата против Александар Ковачевиќ.

Ѓоковиќ по натпреварот рече „Косово е срцето на Србија, престанете со насилството“, а овие зборови на социјалните мрежи искоментира Селими:


„Секако, во кавгата влегува најпознатиот десничарски спортист во светот Новак Ѓоковиќ кој на големиот екран на Ролан Гарос ја објави пораката: Косово е срцето на Србија, токму во моментот кога српските радикали ги напаѓаат француските и војници на НАТО на северот на Косово“, напиша поранешниот министер.

Новак на прес-конференцијата по натпреварот против Александар Ковачевиќ ја дообјасни пораката: „Косово е срцето на Србија“.
„Мислам дека со таа порака кажав се, не сум политичар, немам намера да навлегувам во политички дебати. Многу ме боли кога гледам што се случува на Косово. Нашите луѓе беа избркани од општините. Најмалку што можев да направам е ова. Се чувствувам одговорен како јавна личност. Без разлика во која област сум. Како син на човек кој е роден во Косово, чувствувам дополнителна одговорност да изразам порака за поддршка на нашиот народ. Многумина не знаат каква иднина носи Косово и српскиот народ. Многу е важно да покажеме хармонија и поддршка во вакви ситуации“, истакна Новак.


Во меѓувреме, поради пораката на Новак на камерата, кратко се огласи и Ролан Гарос.
„Нема официјални правила на Грен слем кои кажуваат што играчите смеат, а што не смеат да пишуваат и кажат.
Тениската федерација Косово најави дека сепак ќе бара од АТП турнејата и Ролан Гарос да го казнат Ѓоковиќ.
„Ѓоковиќ уште еднаш провоцира со националистички пораки. Српскиот тенисер со потекло од Косово продолжува со шовинистичко и националистичко однесување против државата Косово. Остро го осудувам тој гест. Тенискиот сојуз на Косово ќе го брани достоинството и вредностите на нашето општество и земја, но и спортот воопшто“, рече претседателот на косовската тениска федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите од Правниот факултет ѝ пееја на…

Студентите на белградскиот Правен факултет денеска организираа…

Таксист влетал во ученици на блокадата во…

За време на денешната акција „Застани, Србија“…

Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…

Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…

Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…

По 100 евра за косовските пензионери и…

Косовската влада додели по 100 евра како…