Косовскиот министер за локална самоуправа: Нема да дозволиме уцени од Србија
Министерот за локална самоуправа на Косово Ељберт Красничи, изјави дека потпишувањето петиции за смена на градоначалниците на северот е многу важно, но дека Косово нема да дозволи уцени од Србија, пренесува Репортерс.
„Решението е во нови избори. Но, како институција нема да дозволиме уцени од Србија“, рече Красниќи.
Красниќи рече дека се појавила петиција како одговор на акциите на северот.
„Претходните претседатели беа на функција со мал број гласови. Имавме постојани протести за нивна смена. Така преку петицијата видовме можности претседателите на општините да си заминат од функцијата“, рече тој.
Красниќи потврди дека „сите општини на север веќе поднеле формални барања за смена на градоначалникот“.
Потписите за смена на претседателот на општините од северот се собрани врз основа на Управната инструкција на Владата на Косово, која беше донесена на почетокот на септември 2023 година.
Доколку ЦИК потврди дека има онолку потписи колку што е потребно и ги потврди, тогаш се организира гласање за разрешување на претседателот на општината, кое мора да се одржи во рок од 45 дена. За да биде успешно ова гласање потребни се 50 отсто плус еден глас на граѓаните со право на глас.
После тоа, резултатот се испраќа до претседателката на Косово, Вјоса Османи, која има законски рок од 30 до 45 дена да распише предвремени избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…