Објавено на:

Косовскиот премиер се плаши од руска инвазија на Западен Балкан: Остануваме нераскинливо поврзани со НАТО

t

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека рускиот претседател Владимир Путин може војната што ја води во Украина да ја прошири и на други простори, при што голема опасност од отворање ново жариште му се заканува на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

На прес-конференција со австрискиот канцелар Карл Нехамер, кој денеска допатува во официјална посета на Косово, Курти оцени дека, и покрај тоа што Косово и регионот се загрозени, „народот е обединет и сојузништвата со Западот, САД и НАТО остануваат нераскинливи”.

Според кососкиот премиер, можно е Путин да ја прошири војната и на други места освен Украина, затоа што „не може да седне на преговарачка маса само со војната во Украина”.

Рускиот претседател, вели Курти, не сака да преговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, туку со претседателот на САД Џо Бајден.

– За таа цел, јас стравувам дека (Путин) ќе ја интензивира војната во Украина, но и ќе ја прошири на други места, бидејќи не може да седне на преговарачка маса само со војната во Украина. Западен Балкан е во опасност, иако тука веќе се води хибридна војна. Во Ниш (Србија) се наоѓа таканаречниот Хуманитарен центар на Русија, кој е преполн со руски агенти. Меѓутоа, ние сме загрижени, но не и исплашени, рече Курти.

Канцеларот Нехамер, осврнувајќи се на актуелните предизвици кои ги отвори кризата во Украина, рече дека е свесен за проблемите меѓу Косово и Србија, но порача дека двете држави треба да се свртат кон иднината.

– Живееме во време на предизвици. Борбата против пандемијата беше една од најголемите задачи на времето, додека моментно ја имаме војната во Европа. Се поставува прашањето какви последици може да има за нас. Инфлацијата, растот на цените на енергијата, растот на цените… сето тоа треба да го решиме заедно, затоа што сме пријатели и во тешки времиња не смееме да се оставиме сами меѓу себе, рече Нехамер.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…