Косовските пензии повисоки за над 20%
На четири месеци пред парламентарните избори во Косово, закажани за 9 февруари 2025 година, косовскиот премиер Албин Курти денеска објави дека од овој месец пензиите за одредени категории пензионери ќе се зголемат за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната конференција за медиуми, одржана заедно со министерот за финансии, Хекуран Мурати, Курти рече дека од овој месец ќе има зголемување на основната пензија за повеќе категории на корисници.
„Денеска со задоволство можам да им дадам една добра вест на сите пензионери. Од овој месец ќе ги зголемиме за 20 отсто сите пензии и тоа: Основната старосна пензија, целосната и делумна придонесна пензија, инвалидската пензија за деца и возрасни, пензијата за слепи, за параплегични и тетраплегични, семејната, пензиите за работни инвалиди и предвремените пензии за работниците на (рудникот) Трепча“, рече Курти.
Тој додаде дека од јануари ќе има зголемување од 20 отсто и за пензиите дефинирани во Законот за категориите произлезени од војната, „односно на семејствата на загинатите, инвалидите, бранителите, припадниците на Ослободителната војска на Косово, сексуалните жртви на војната, цивилните жртви и нивните семејства“.
Министерот за финансии, Мурати изјави дека со ова зголемување ќе бидат зафатени 304 илјади 16 корисници и дека влијанието врз буџетот од ова зголемување ќе биде дополнителни 100 милиони евра.
„Благодарение на добро осмислените политики, успеавме да го преземеме ова дејство“, рече Мурати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…