Косовски адвокат со 4 магариња се појави пред собранието: „Магарињата се внатре!“
Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи одлучи да го изнесе својот протест на нов и посебен начин.
Адвокатот донесе 4 магариња пред Собранието. Тој нагласи дека ги зел како симбол за да покаже кој ги води.
„Истите луѓе мислат дека сме магариња. Протестот е мирен. Им се извинувам на овие магариња што го фатија патот од Истог до тука“, рече Кочи.
Кочи рече дека премиерот Албин Курти е виновен за политичката ситуација во земјата. Тој изрази незадоволство и од другите партии.
„Не сакам да бидам фактор што ги продлабочува поделбите, но сакам да бидам фактор на единство. Исто така, имам големи резерви кон ПДК, ЛДК, ААК и Нисма, бидејќи се однесуваат како да се кукавици“, рече Кочи.
Тој рече дека не разбира што полицијата е загрижена за четири магариња, а не е загрижена за магарињата внатре.
На 5 јули е закажана новата конститутивна седница на косовското собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски адвокат со 4 магариња се појави…
Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа…
Меџити: Одлични односи со Косово – ја…
Првиот вицепремиер и министер за животна средина,…
Четириесетти неуспешен обид за конституирање на косовското…
40-ти пат по ред, на 1 јули,…
Курти: Секогаш е задоволство да се дојде…
Косовскиот премиер Албин Курти денес од Скопје…
Косово привремено забрани увоз на овци и…
Привремено е забранет увозот во Косово на…