Косовското МВР: Уапсениот Србин бил водач на криминални групи
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свеќља, соопшти дека денеска косовската полиција го уапсила Милун Миленковиќ, еден од водачите на, како што рече, криминалната формација „Цивилна одбрана“ и водач на криминални банди кои тероризирале граѓани и напаѓале полицајци со години.
Свеќља изјави дека Миленковиќ бил главниот организатор на нападот врз КФОР и косовската полиција во Звечан.
Тој додаде дека при апсењето на Миленковиќ полесно се повредени тројца полицајци.
„Како што многупати нагласив, помина времето на криминалните банди на северот од нашата земја. Сите поединци или криминални групи кои го нарушиле безбедносниот и уставниот поредок на Република Косово ќе се соочат со правдата“, рече Свеќља.
Како што објавија медиумите, Миленковиќ денеска е уапсен во фризерски салон во Северна Митровица. При апсењето косовските полицајци употребиле солзавец, а во градот се огласила сирена за да ги алармира граѓаните.
По краткиот конфликт меѓу граѓани од српска националност и припадници на специјалните полициски сили, косовската полиција се повлече во Бошњачката махала.
На социјалните мрежи кружат фотографии на припадници на косовската полиција со вперени пиштоли во граѓаните.
Најголем број граѓани од српска националност се собрани во близина на Техничкото училиште и во близина на Здравствениот дом.
На улицата која води кон Бошњачката махала се гледаат голем број полицајци, како и специјалци вооружени со долги цевки, како и оклопни возила на косовската специјална полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…