Костадиновски-Рокас: Неопходно е да се обезбеди независноста и самостојноста на Уставниот суд
Заштитата на владеењето на правото и правната држава треба да биде врвен приоритет на сите фактори во општеството како единствен начин за враќање на довербата во институциите, порачале претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и евроамбасадорот Михалис Рокас на денешната средба во Судот.
За таа цел, се согласиле дека е неопходно да се обезбеди независноста и самостојноста на Уставниот суд, но и правосудниот систем во целина во сите аспекти.
Костадиновски потенцирал дека без разлика на какви било обиди за политизаација и етнизација во постапувањето на Уставниот суд, неговата императивна заложба е да го чува Уставот.
„На средбата, претседателот на Судот го информираше амбасадорот на ЕУ за актуелностите, но и за предизвиците со кои се соочува Судот во неговото работење во изминатиот период и се заблагодари за поддршката на Уставниот суд, преку проектот на ЕУ ‘Strengthened capacities of the Constitutional Court’“, информираат од Уставниот суд во писмено соопштение.
Уставниот суд изминатиов период се најде во фокусот на јавноста откако на седницата мината недела Судот како точка на дневниот ред ги стави иницијативите со кои се оспоруваат одредби од Законот за употреба на јазиците.
Во врска со ова прашање Уставен одлучи да одржи подготвителна седница на која ќе се расправа во експерти од областа, а дури потоа да се носи конечна одлука за оценување на уставноста на Законот. Подготвителната седница би требало да се одржи на почетокот на март следната година, а најдоцна до мај, Судот ќе одлучува по предметот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Словенија го забрани величење на четниците и…
Парламентот на Словенија гласаше за измена на…
(Видео) Демонстрации против Трамп во Панама: „Рацете…
Стотици луѓе демонстрираа во вторникот пред американската…
Трагедија: Маж пронајден починат во камп приколка,…
На 23.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено…
Прво годишно обраќање на Сиљановска Давкова во…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе…