Костадинов: Патување во еден правец до Унгарија на владата чини 14.000.000 денари, а скратија помош за спортски клубови што постојат 103 години!

Патување во еден правец до Унгарија на нашата влада чини 14.000.000 денари.
Програмата за спорт преку која ги поддржуваме сите спортски клубови во Струмица и колективни и индивидуални спортови, кои ја промовираат Струмица и Македонија која ние како општина им ја даваме е 16.000.000 денари за цела година, пишува на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
– Наша владо ве замолувам наместо да откажувате поддршка на трета лига клубови како што е случајот со ФК Тиверија, кој е клуб кој постои 103 години, наместо да намалувате поддршка на спортот во Струмица за 65% само откажете се од едно патување.
Ве молам, Струмица дава огромен број спортски таленти, карате клубот донесе 40 медаљи, кик бокс клуб Зоран над 30 медаљи на последно првенство, шах број еден во државата, ОК Струмица и другите одбојкарски клубови со шампионски титули, се тоа е блокирано заради ароганција, суета и безобразлук!
Струмица нема да заборави за овие злодела! – пишува Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…
Радио МОФ објави снимка на која се…
Нема веќе молк, нема повеќе страв –…
Нема веќе молк, нема повеќе страв -…
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Српски Курир: Се подготвува воен сојуз меѓу…
Српски Курир ексклузивно дознава дека наскоро се…
Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…
Владата на Република Македонија преку соопштение упати…