Костадинов: Реализирани се 500 проекти – Ќе се реализираат сите останати, со или без поддршка од Владата!

Немаме одговор писмен дека сме одбиени за апликацијата за средства од унгарскиот кредит, истакна градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во гостување во ТВ21.
– Нека ни одговорат писмено, дали сме одбиени или не. Еве сега има нов повик, имаме подготвени проекти, но тоа што не добивме средства за градскиот пазар не значи дека Струмица нема да го изгради градскиот пазар. Ќе го градиме градскиот пазар со или без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, истакна Костадинов.
Во врска со финаннсиите истакна дека се намалени дотациите за ДВВ, но Костадинов се заблагодари на струмичките компании кои редовно си ги сервисираат давачките кон Општината и инвеститорите кои инвестираат во Струмица.
Околу 900.000 денари се укинати со стопирањето на финансирањето од УСАИД, објасни Костадинов. Секоја поддршка е добра, но сепак тоа е што е, рече Костадинов кој истакна дека реализацијата тука не застанува.
– 500 проекти се реализирани, завршена е трансформацијата во делот на урбаната мобилност, имаме поврзани села со град. Најголем проблем во државава покрај иселувањето е и селењето во град, што ги уништува селата. Сега не е исто, ако на пример селото Банско пред некоја година плаќал во една релација 250-300 денари, сега тоа си го дозволува за 30 денари, се вози во електрични автобуси, достоинствени и можат да си ги реализираат обврските во градот како административен центар. Тоа сите го афирмираат ако проект, саом ВМРО-ДПМНЕ велеше дека не треб да има јавен превоз, вели Костадинов.