Костова за образованието: Лани имаа една, годинава ниедна книга – Вие сте умноболни!
Инфлуенсерката Миа Костова ја коментира моменталната состојба во македонското образование каде, како и минатата година, дел од учениците ќе ја почнат учебната година без учебници.
-Андрија од септември ќе биде 6то. Без книги. Одделение од кое на дете треба да му се направи сериозна навика за учење и совладување на материјал тековно од ден во ден. Две години беше онлајн, лани имаа една книга по сите предмети, годинава ни тоа. Дали има некој со здрав разум воопшто кој ќе одговара за овие деца кои за 6 години во образование немаат никаква престава за тоа што е всушност школо? Вие веќе не сте злобни и себични. Вие сте умноболни. – пишува Костова на Фејсбук.
Претходно од МОН и Бирото за развој на образованието информираа дека учениците од трето и шесто одделение ќе ја започнат учебната година без учебници и ќе учат од помошни материјали.
„Годинава комплетно нови учебници треба да има за трето и шесто одделение, за што изработени се нови наставни програми од БРО и доставени во декември 2022 за трето и во април 2023 за шесто одделение. Со учебниците за трето сме во понапредна фаза на изработка и одобрување, споредбено со оние за шесто одделение, a очекуваме сите учебници во овие две одделенија да бидат одобрени и испорачани набрзо по стартот на новата учебна година. Дотогаш ќе се користат помошни материјали кои ги изработува БРО и ќе бидат достапни во електронска форма“ – информираа оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно – Се воведуваат стручна матура и…
Владата, на денешната седница, утврди текст на…
Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…
Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…
МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…
Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…
По барање на Левица, МОН ги одзеде…
Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…
Ако јадете помалку бифтеци можеби ќе имате:…
Реално немаме пари за учебници по сите…