Костова удри по “светците” од Фејсбук: Нема да ме мрзи да ги соберам и направам славни сите кои пишуваат недолични коментари за мртов човек!

t

Македонската инфлуенсерка Миа Костова на Фејсбук остро ги критикува корисниците на социјални мрежи кои во текот на вчерашниот и денешниот ден пишуваат недолични коментари за починатата мејк-ап артистка Маја Миа, која беше пронајдена мртва во Јужна Африка.

– Кога ќе видам што се пишува под портали за некој кој не е веќе меѓу живите, се прашувам зошто уште ме допира понекогаш што ќе каже некој за мене под вест дека на пример сум патувала некаде.

Нема да ме мрзи еднаш ќе соберам све од коментари под разни објави на разни вести и со име и презиме и приватни слики со деца и бебиња и семејствата со кои живеете а ширите говор на омраза и желба за туѓа смрт ќе ви направам едно видео од два саата да ви е незгодно леб да купите во продавница. Гнаси едни одвратни! Па кога ќе оди видеото под портали со вашиот зумиран сурат пак да коментирате! Задоени со зло, несреќни и пропаднати. Нели ви е страв дека на најмило ќе ве удри коментарот што го постирате? – напиша Костова на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

​ЗНМ и ССНМ реагираат: Владините прес-служби не…

Група на новинари, фоторепортери и сниматели утрово…

Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…