Костовски: ВМРО-ДПМНЕ упаѓа во правосудниот систем, го удира во чело уставниот поредок
Мартин Костовски од СДСМ вчера во гостување на ТВ 24, во врска со постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, истакна дека тоа не е реформа на судскиот систем, туку упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар и послушник на власта.
-Ова не е реформа, туку кршење на демократијата, удирање во чело на уставниот поредок, на поделбата на судска, извршна и законодавна власт, рече Костовски.
Тој рече дека и СДСМ не е задоволен од работата на државниот јавен обвинител, но начинот на избор на оваа функција мора да биде законски.
-Не сме задоволни. Нема покренато постапка за Груби, кривична пријава или прогон за именувањето на Бојан Христовски во АНБ, за неговиот сертификат, за пуштањето на Блерим Рамадани на истиот граничен премин, за сите екскузрии што ги правеше Гаши, со обезбедувањето на скопскиот аеродром, одењето со сватови. Досега нема ништо од Јавното обвинителство, рече Костовски.
Ако не се почитуваат процедурите се врши упад во правосудниот систем за инсталирање на партиски кадар, нешто што е веќе видено, додаде тој.
-Власта веќе има поставено сопруга на градоначалник на ДПМНЕ во Судскиот совет, близок пријател на Меџити во Советот на јавни обвинители. Значи се враќаме назад, во лоши минати времиња, режим, контролирани постапки, уценети судии и јавни обвинители, рече Костовски во емисијата „24 Анализа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да му помогнеме на малиот Мартин кој…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Хуманитарна акција “Сите за Мартин”: Доброволци со…
На социјалните мрежи македонските граѓани се мобилизираат…
Еурека
Насловот го позајмив од големиот Антички математичар…
Патриот
Почитувани читатели, повторно денеска ќе се вратам…