Костовски: Големата лага наречена „Горда Македонија“ се распаѓа пред очите на граѓаните!
Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ, денеска истакна дека неполна година по формирањето на Владата, големата лага наречена „Горда Македонија“ се распаѓала пред очите на граѓаните.
„Ова е логична последица на она што граѓаните го трпат и чуствуваат, целосна нефункционалност на пазарџиска Влада која работи само за лични интереси.
Вчера на површина излезе вистината која ја говориме од првиот ден. ВМРО-ДПМНЕ е без план и концепт, нивната Влада работи само за свои лични интереси. Таа од прв ден функционира како машинерија за пазарење – кој ќе добие директорско место, кој ќе добие тендер, кој ќе вработи повеќе свои. Ветувањата од кампањата буквално како да никогаш не биле дадени.
Излегувањето на Алијанса за Албанците е првото официјално признание на владините партнери дека оваа Влада не води никаде. Признание дека ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се коалиција од интерес. Таа е склопена од луѓе што не веруваат еден во друг, немаат заеднички планови и политики, туку само личен интерес.
Оваа Влада сама себе се јаде одвнатре, а граѓаните се тие кои трпат заради тоа. А додека тие се занимаваат само со функции и политички интереси, граѓаните преживуваат. Животот поскапува секој месец. Платите не мрдаат. Институциите се нефункционални. Нема ниту еден вистински проект, ниту една сериозна реформа. Економијата стагнира, младите се иселуваат, а Владата се гоштева на сметка на народот.
Секој што останува дел од оваа коалиција, свесно ја продолжува штетата. Останува за тендер. Останува за функција и одржување на Влада која докажа дека работи само за себе, не за граѓаните.
Македонија нема време за експерименти и лажна стабилност. Оваа Влада мора да си замине, затоа што не постои држава што може да се опорави додека на власт е група калкуланти и политиканти.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува оваа власт, но уште поважно – ќе продолжи да се подготвува да ја врати одговорноста, визијата и редот во државата. Затоа што Македонија заслужува вистинско раководство, а не пазарна коалиција од интерес“, вели Костовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…