Костовски: Граѓани платиле неверојатни 8.000 денари за струја во јануари или 2.000 денари повеќе од минатиот месец

Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски ја обвини власта дека ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот. Како што информира, голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци.
СДСМ добил сметки на увид, според кои јануарските сметки некаде се покачени за 20%, а некаде дури и за 30%.
-Граѓани од Прилеп, Велес, Куманово, ни доставија сметките до нас платиле неверојатни 8.000 денари за струја во месец јануари или 2.000 денари повеќе од минатиот месец. Тоа се точно 30% повеќе пари, поголеми сметки. На енормно високите цени на струја се жалат и компаниите. Ова е директна последица на одлуката на Владата на Мицкоски за укинатите субвенциите за струја, обвини Костовски на прес-конференција.
Во декември беше објавено дека од 1 јануари во просек сметките за струја за домаќинствата со просечна потрошувачка од прв, втор и трет блок ќе се зголемат за 0,92 проценти. Тоа значи дека на едно просечно домаќинство во земјата коешто има сметка од 2.300 денари, трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми за 21 денар.
РКЕ претходно информираше дека делот од мрежарината што го плаќаат домаќинствата и 90 проценти од малите потрошувачи се намалува за седум проценти. Претходно мрежарината за домаќинствата изнесуваше 2,3 денари, а сега е 2,14 денари. Процентуалното учество на трошоците за мрежарина е 38 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да му помогнеме на малиот Мартин кој…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Кина му помага на партнерот од БРИКС…
Јужна Африка ја доби првата серија кинески…
Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…
Денови повторно е актуелна темата за законската…
ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…
СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…
Дел од Општина Карпош утре без струја
Во текот на утрешниот ден, без електрична…