Објавено на:

Кос: Нема да бидеме безбедни сè додека земјите од Западен Балкан не бидат во ЕУ

t

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, изјави дека го гледа проширувањето на ЕУ како многу поширок процес од едноставно зголемување на територијата или населението на унијата и дека безбедносниот аспект повторно е во преден план на проширувањето.

Кос предупреди дека надворешните сили се обидуваат воопшто да го спречат проширувањето.

„И овие надворешни сили користат разни тактики, вклучително и хибридна војна. За мене, проширувањето повторно е мировен проект, најважниот мировен проект на нашиот континент. Можеби во минатото, особено кога Словенија стана членка на Европската Унија, заборавивме на ова и гледавме главно низ економска призма, изјави Кос за РТВ Словенија.

Таа, исто така, предупреди на дезинформации и манипулации во рамките на ЕУ и истакна дека, со оглед на променетата геополитичка ситуација, проширувањето сега е и важен безбедносен фактор.

– Мислам дека нема да можеме да бидеме безбедни во Европа сè додека земјите од Западен Балкан не бидат во Европската Унија и сè додека Украина и Молдавија не бидат исто така во Европската Унија, нагласи Кос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: Нема да бидеме безбедни сè додека…

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…

Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето…

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто,…

Бугарија има најкраток работен век во ЕУ,…

Најдолго траење на работниот век е забележано…

Мерц: Прашање е дали Украина ќе биде…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изрази сомнеж…

Медведев: Русија мора да се дистанцира од…

Политиката на Русија треба да биде насочена…