Кос: Реална шанса Црна Гора да стане членка за време на мојот мандат
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави дека сака да ја охрабри Црна Гора да работи уште понапорно доколку сака да ги затвори поглавјата од преговорите со ЕУ до 2026 година и дека има реални шанси Црна Гора да стане членка на ЕУ за време на нејзиниот мандат (крајот на 2029 година).
На прес-конференцијата со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, Кос рече дека Црна Гора има шанса да ги заврши преговорите за време на нејзиниот мандат, што почнаа на 1 декември 2024 година, а дека тоа го сакаат граѓаните.
Таа нагласи дека сите политички чинители треба да работат согласно желбите на граѓаните за влез во ЕУ.
-Проширувањето треба да ги вклучи сите слоеви на општеството, институциите. Црна Гора има историска можност и нема време за губење. Сметам на вас да ме направите горда, рече Кос.
Одговарајќи на прашања од новинарите, Кос рече дека најдобриот начин да се оди напред е да се вклучи опозицијата и да се поддржат реформите и дека разликите во врска со тоа треба да се дискутираат во парламентот.
-Очекувам дека мнозинството во парламентот ќе ги поддржи реформите, рече Кос.
Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека доаѓањето на еврокомесарката за проширување е голема обврска за Црна Гора „да работи уште повеќе“.
-За нас е голема чест и голема обврска: да ги затвориме поглавјата до 2026 година. Треба да се фокусираме на реформите што бараат и бараат компромис меѓу власта и опозицијата, рече Спајиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…