Котлар за членовите на историската комисија со Бугарија: Политички ангажирани личности не ги претставуваат македонските историчари!
Професорката Наташа Котлар на Фејсбук реагира на употребата на терминот “македонски историчари” за членовите на македонскиот дел од мешовитата историско-образовна комисија со Бугарија.
Котлар нагласува дека тие во ниту еден случај не го претставувале и нема да ог претставуваат ставот на македонските историчари, односно на стручната фела.
– Деновиве, известувајќи за работата на мешовитата комисија формирана според асиметричниот Договорот за добрососедство, известувачите, новинарите, скоро сите, ја користат погрешната формулација:
“МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ”. Повеќе пати е укажано, дека овие луѓе, ангажирани на политички начин од власта, не ги претставуваат воопшто – МАКЕДОНСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ!
НЕ и НЕ!
Тие се нелегитимни, дури и сите не се по вокација историчари! Оттука и нивните дејствија и решенија се спорни и незадолжителни за научната мисла, како и за пошироката јавност! Известувајќи за нивната работа, подобро би било медиумите да ги именуваат како “политичките преговарачи на РСМ” во мешовита Комисија ! – напиша Котлар на Фејсбук.