Коцарев ги подбра политичарите: Денот на независноста требаше да го прославиме под мотото „Разединети во потчинетоста“
Првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев го искористи денот на МАНУ за уште еднаш им порача на политичарите да престанат да се занимаваат со политика, и да им дадат можност на луѓето кои навистина сакаат да работат во интерес на државата, пренесува “Локално”.
-Македонските политичари создадоа токму таков симулакрум од македонското општество, или според постмодернизмот, копија која, иако нема оригинал во стварноста, стана вистина самата по себе: хиперреалност. Таква хиперреалност, за жал, опстојува само во мислите на грст недостоинствени, лукративни, самобендисани и сервилни властољупци, што погрешно себеси се нарекуваат политичари, а кои не сфаќаат што значи, всушност, умешност да се води политика, и на нивните апологети. Тоа, од една страна, создаде конфузија, посебно меѓу младите, што може да значи почеток на крајното разнебитување на Македонија, а од друга страна, креирањето бесперспективна политика за сите граѓани направи Македонија да стане земја без надеж и без соништа, а животот на нејзините жители неподнослив. Всушност, според моето мислење, Денот на независноста на Македонија требаше да се одбележи под мотото „Разединети во потчинетоста“.
Инаку, да се потсетиме дека антоним за потчинетост е сувереност. И по триесет и една година независност, за жал, македонските таканаречени политичари и нивните апологети не научија што значи поимот суверенитет.
Дел од суверенитетот на секоја држава, па така и на Македонија, го вклучува ексклузивното право на државата да ги регулира своите внатрешни работи, меѓу кои јазикот, националноста, идентитетот, образовниот систем и да ја негува и развива историската наука. За Македонија е погубно тоа што, за жал, одредени лица, како носители на разни општествено одговорни функции, поради лични, партиски и клиентелистички интереси, регулирањето на македонските прашања поврзани со идентитетот и историјата им го отстапија на надворешните фактори, а пред сѐ, на Грција и на Бугарија, кажа Коцарев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Академик Коцарев го oбвини 3aeв за пpeдавство…
Дали се сеќавате на зборовите: „Додека дишам,…
Koцарев со нова книга „За македонските работи“…
Во издание на „Матица македонска“ изезе од…