Коцевски: Мотивот за убиството на Вања е јасен, детали не се откриени за да не се вознемири јавноста

t

Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сѐ уште не бил на распит бидејќи во моментот се вештачат предметите што ги донел со себе од Турција, а за кои проценката на предметниот јавен обвинител е дека може да бидат корисни за истрагата, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Тој вели дека откако ќе се соберат овие докази, ќе следува обвинение и за Палевски, а оваа постапка подоцна ќе може да се спои со постапката која ќе се води за четири други лица кои се обвинети за соучесништво во убиствата и грабнувањето.

Прашан зошто во соопштението од ОЈО Скопје од петокот за обвинителниот акт против четири лица, од една страна, се вели дека обвинетите „испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп“, но потоа не се објаснува зошто не останале на тој план, туку многу брзо по грабнувањето го убиле девојчето, Коцевски одговара дека мотивот е јасен, но дека известувањето е срочено така за да не се предизвика вознемирување кај јавноста.

„Во актот, описот на дејствијата е јасно даден и основата по која се товарат обвинетите е јасно определена. Во однос на мотивот, тој е јасно наведен, а во однос на други подробности, од причините претходно изнесени, не сакам да ги коментирам бидејќи се работи за дете кое е убиено на свиреп начин, а тоа е страдање претходно“, изјави државниот обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…

Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…