Коцевски: Приведени десетина лица од УЈП, се вршат претреси на повеќе локации

t

Во рамки на предистражна постапка што се води за лица вработени во УЈП и поврзани со дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес се приведени десетина лица, а истовремено се вршат претреси на повеќе локации.

„Се работи за лица вработени во УЈП, а за кривични дела допрва ќе видиме, меѓутоа првичните дела се злоупотреба на службена положба и овластување и давање мито“, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Тој додаде дека дел од комуникациите што беа презентирани во јавноста се опфатени во постапката.

Јавниот обвинител ќе предложи мерки, соопшти Коцевски кој засега не сакаше да открие за кои лица се работи, односно на кои позиции биле вработени приведените.

Овој предмет го води кочанското обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коцевски: Приведени десетина лица од УЈП, се…

Во рамки на предистражна постапка што се…

Пиштол и куршуми пронајдени кај стружанец

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Б.(69)…

Косово оди на вонредни избори по пропаднатиот…

Косово повторно влегува во изборен циклус: по…

Коцевски вчера откри детали за предистражната постапка…

Главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, денеска соопшти…

Минималните трошоци во ноември 65.173 денари, според…

Минималните трошоци на едно семејство во ноември…