Кочовска:Растот од 3,8% е реален, нови даноци нема – но ќе има „чешлање“ на законите за да нема дупки

t

Економскиот раст од 3,8% за 2026 година е остварлив, но државната каса е испразнета од резерви, па затоа се оди со „конзервативно“ планирање. Ова е пораката на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која во најновото интервју најави и голема ревизија на даночните закони.

Министерката е децидна: даноците нема да се зголемуваат, но државата ќе се погрижи никој да не може да го заобиколува системот користејќи стари правни лавиринти.

Буџет без „бафери“: Претходниците потрошија сè
Димитриеска-Кочоска објасни дека проекциите за следната година не се правени со „розови очила“, туку крајно внимателно.

„Свесна сум дека во буџетот веќе не постојат резервни средства (бафери) кои би можеле да се користат во време на кризи. Претходната влада искористи сè што беше останато за кризни ситуации, а не успеа да се консолидира како што го направија тоа соседните земји“, вели министерката.

Сепак, добра вест е што годинава номиналниот БДП ќе биде над очекувањата, што ќе помогне јавниот долг и дефицитот да изгледаат подобро како проценти.

Ревизија на Законот за ДДВ: Правила од 2000 година сè уште прават хаос
Клучниот фокус на Министерството за финансии сега е правната сигурност. Министерката откри дека започнале детално читање и ревизија на сите членови од Законот за ДДВ, ангажирајќи и експерти од консултантски куќи.

Проблемот: Констатирано е дека основни работи напишани уште во 2000 година не се променети, а создаваат забуна и можност за манипулации веќе две и пол децении.
Целта: Да се добијат прецизни закони каде поединци нема да можат да се правдаат со „недоречености“.
„Апсолутно нема да има промена на даноците. Тоа го ветивме. Но, се водам од правилото дека на државава треба да ѝ се плати толку колку што ѝ следува – ниту повеќе, но ниту помалку. Нам ни треба прво да постигнеме сите да плаќаат даноци, а потоа да размислуваме за промена на стапките“, појаснува Димитриеска-Кочоска.

Како клучен механизам за спречување на неефикасното трошење на буџетските пари, таа ја посочи дигитализацијата, која мора сериозно да се забрза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочовска:Растот од 3,8% е реален, нови даноци…

Економскиот раст од 3,8% за 2026 година…

Во Македонија секој петти граѓанин е сиромашен!

Во 2024 година, стапката на сиромашни лица…

ТИНЕЈЏЕР ПИЕЛ СВОЈА КРВ ЗА ДА СЕ…

Случај што шокира: 17-годишно момче од Русија…

Песков: Остварен контакт со САД по добиените…

Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј…

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се…

Сакам уште еднаш да ја искористам оваа…