Кочовска: Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во четвртиот квартал

t

Македонската економија ја заокружи 2025 година со солиден раст, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во четвртиот квартал бруто-домашниот производ (БДП) е зголемен за 3,5 проценти во однос на истиот период претходната година, со што се продолжува серијата од шест последователни квартали со позитивни резултати.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција истакна дека остварениот раст претставува континуитет на стабилните економски движења и се надоврзува на растот од 4,3 проценти во четвртиот квартал од 2024 година.

Според објавените споредбени податоци, земјава повторно се вбројува меѓу економиите со највисока стапка на раст во регионот и пошироко во Европа. Повисок економски раст во последниот квартал од 2025 година е регистриран само во Малта, Кипар и Полска. Во регионот, Србија бележи раст од 2,2 проценти, Хрватска 3,6 проценти, Бугарија 3 проценти, а Словенија 2 проценти.

Кумулативно, реалниот економски раст за целата 2025 година изнесува 3,5 проценти, што е во согласност со проекциите на Министерството за финансии. Буџетскиот дефицит останува на ниво од 4 проценти од БДП, додека јавниот долг е намален на 59,3 проценти од БДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Нема да има недостиг на енергенси,…

Екс-вицепремиерот за економски прашања и актуелен пратеник…

МНР ги повика македонските државјани заглавени во…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

Макрон испрати моќна порака – единствениот носач…

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека единствениот…

Хрватска испраќа четири авиони за Хрватите заглавени…

Хрватска испраќа четири авиони на „Кроација ерлајнс“…