Кочоска: Се прекинуваат неколку наследени проекти
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 откри дека се прекинуваат многу наследени проекти.
Како што кажа, еден од нив има проблем со фалсификувана банкарска гаранција.
„Најголем проблем ни е со повлекувањето на кредити затоа што најголем дел од капиталните инвестиции односно проекти што ги наследивме од претходната влада. За жал многу од нив ги прекинуваме во овој период, проекти за кои очекувавме дека ќе има реализација, меѓутоа имаат објективни проблеми од типот фалсификувана банкарска гаранција, откриена во месец октомври, се раскинува договор“, вели Димитриеска Кочоска.
Таа не открива за кој проект се работи, но вели дека истиот се финансира и со средства од Европската Унија.