Кој би можел да го наследи Зеленски?
И покрај тоа што и натаму ужива доверба и поддршка во Украина, сепак, во последно време се погласни се шпекулациите за смена на Володомир Зеленски од претседателското место.
Зеленски изјави дека тој самиот ќе се повлече, само под услов Украина да биде примена во НАТО, што најверојатно нема да се случи.
Би било прашање ако има избори сега во Украина, дали некој би можел да го смени, а неколку имиња се појавија како можни претседатели на Украина.
Најсериозен кандидат е Валериј Залужни. Тоа е поранешниот врховен командант на украинската армија, и актуелен амбасадор на Украина во Обединетото Кралство. Тој е најчесто споменуваното име за наследник на Зеленски. Залужни ја водеше одбраната до 2024 година, а беше отстранет по несогласувањата со Зеленски околу воената стратегија. Според некои анкети, Залужни е повеќе популарен од Зеленски, и би го поразил на евентуални избори.
Виталиј Кличко, поранешниот боксер и актуелен градоначалник на Киев, исто така се појавува како можен кандидат. Кличко веќе го критикуваше Зеленски за неговите оптимистички изјави за војната, додека го поддржа Залужни за неговата искреност.
Име кое се споменува е и Руслан Стефанчук, претседател на украинскиот парламент. Тој е познат по тоа што жестоко се спротивстави на повиците на Трамп за избори среде војната, велејќи дека на Украина сега и требаат „куршуми, а не гласачки ливчиња“. Тој неодамна ја повика ЕУ да ја зголеми воената помош за Украина и предупреди на заканата што доаѓа од Русија. Се чини дека Стефанјук е највоинствениот од тројцата кандидати.
Без разлика кога ќе се одржат изборите во Украина, тие ќе зависат од повеќе фактори.
Прашање е во која фаза ќе биде војната, дали ќе има прекин на огнот или траен мир и дали Зеленски ќе се кандидира на тие избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…