„Кој е следен?“ бара е-инспекторат и најавува нов протест пред Владата

t

Организацијата „Кој е следен?“ не застанува! Во  четврток, тие ќе организираат нов протест пред Владата, но денеска поднесоа и формално барање за воведување на е-инспекторат.

Што е тоа? Едноставна алатка која ќе овозможи јавен увид во сите записници од инспекциските надзори, за да секој граѓанин може да провери дали објектите што ги посетува се безбедни. Ујмер Мухамеди, од иницијативата, потсети дека ова не е нова идеја, туку стара познато барање кое повторно се актуелизира по молкот на институциите.

„На страницата ќе можете да внесете име на локал и да видите што констатирале инспекторите. Доколку не пронајдете ништо, тоа значи дека тој локал не е регистриран“, вели Мухамеди, објаснувајќи ја важноста на транспарентноста.

Иницијативата планира да продолжи со етапно поднесување барања поврзани со трагедијата во Кочани, каде загинаа 61 лице. Формално поднесување до архивите на релевантните институции ќе започне веднаш.

На прашањето за евентуално прераснување на иницијативата во политичка партија, Мухамеди одговара:

„Сега сме фокусирани на системски промени. Како што сите знаеме, кој и да дојде на власт, со ваков систем, ништо нема да се смени. Ние ќе ги искористиме механизмите за остварување на нашите барања, но ништо не е исклучено во иднина“, додаде тој.

Под слоганот „Системот заборава, ние не!“, тие најавуваат протест за утре, четврток, со почеток во 18:00 часот пред Владата. Планиран е марш преку Судскиот совет и Собранието, завршувајќи пред Кривичниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…

Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…

Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…

На денешната 82 редовна седница на Владата…

ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…

ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Владата ги обвини родителите на починатите од…

Владата денеска ги обвини родителите од Кочани…