Кој сака нека честита: Владата ќе не задолжува за нови над една милијарда евра
Владата ќе се задолжува за нови над една милијарда евра. Планот е околу 70 милиони евра да бидат кредити од домашните банки, а останатите 950 милиони евра идната година да се обезбедат преку еврообврзница односно од меѓународните пазари. Од Министерството за финансии за Телма одговорија дека парите ќе се користат за потребите на буџетскиот дефицит, а задолжувањето е согласно буџетот и ребалансот за годинава.
За познавачите задолжувањето не е неочекувано, но велат дека е многу важно под кои услови ќе се обезбедат средствата за да не се доведеме во ситуација стари долгови да ги враќаме со поскапи пари.
„Редовното финансирање на долгот е обврска на министерството за финансии и на Владата и тоа треба да бидеме свесни дека ќе се случува. Клучното прашање треба да ни биде дали добиваме подобри пазарни услови ако излеземе на пазар или добиваме подобри пазарни услови ако најдеме други начини на финансирање. Ако се сеќавате пред извесен број на години се зголеми интензитетот на задолжување на домашен пазар, затоа што се видоа поповолни услови и кај банките и таквите институции да финансираат во такви инструменти. Но, ризикот таму е ако премногу се задолжуваме на домашен пазар, тогаш имаме можност за истиснување на тој дел на тој кеш кој е ставен на располагање на банките да можат да ги инвестираат, односно да им ги дадат на приватниот сектор кој треба да инвестира во нови проекти. Затоа тука треба многу внимателно и ова е работа на професионалци во министерството за финансии“, вели Виктор Митевски од ЗМАИ, Здружение за истражување и анализи.
Митевски вели дека најтешко е кога се зборува дека задолжувањето се прави за редовни буџетски сервисирање, затоа што во последните 30 години ја имаме изгубено доверба во системот. Во моментов, односно заклучно со вториот квартал годинава, јавниот долг надминува 9,7 милијарди евра или 58, 5 отсто од БДП.
Очекувањата се дека годинава ќе се заврши со јавен долг кој нема да биде повисок од 62 отсто од БДП.
Претходно државата зема кредит од Унгарија од една милијарда евра – 500 милиони евра се искористија да се врати еврообврзница која доспеа во јануари, останатите беа поделени за бизнис секторот и општините.
Задолжување од над една милијарда поминало и на владина седница на почетокот на месецов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за кичевски полицаец – нападнал…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Мацут: Повикувам на смирување на тензиите –…
Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, ги…
Кој сака нека честита: Владата ќе не…
Владата ќе се задолжува за нови над…
„Македонија не е Грција“ – „Матица македонска“…
„Матица македонска“ ја објави книгата „Македонија не…
Скандал во Полска: 288 милиони евра од…
Мапа со преглед на распределбата на грантови…