Кој сѐ нарачувал текстови кај Марјан Стаменковски, и кој може да се најде во неговиот телефон?

t

Голем број на политичари и бизнисмени се лично засегнати од претресот и кривичната пријава против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ“ кој минатата недела беше притворен и му беше определена мерка притвор, откако беше извршен претрес во неговиот дом.

Политичари, меѓу кои и лидерите на најголемите политички опции од власта и опозицијата, еден министер на еден од најважните министерства, полицајци, пратеници, директори, градоначалници од скопските општини, обвинители и истражители се наоѓаат на списикот на луѓе кои нарачувале текстови на порталот „Доказ“ чиј сопственик е Марјан Стаменковски.

Но освен политичари, на телефонот на Стаменковски, затекната е и комуникација со повеќе познати бизнисмени од земјава кои го користеле порталот за нарачки на текстови со цел елиминација на конкуренцијата. Валканиот веш и приватноста најчесто се злоупотребувала во текстови нарачани од неколкумина бизнисмени, и поради лични несогласувања.

Но, освен политичари и бизнисмени, неретко во комуникација биле и неколкумина познати новинари и т.н. инфлуенсери на социјалните мрежи, кои за задоволството си договарале и цени за објава на текстови во кои се содржани информации од приватноста на нивните „жртви“.

Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ“ доби осумдневен притвор од судија на претходна постапка минатата недела. Истрагата ја води ОЈО Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…