Министерството за култура објави список за финансирање на проекти

t

Министерството за култура ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Ова година Конкурсот за првпат беше реализиран електронски, а рокот за аплицирање беше два пати продолжен поради технички пропусти при поднесувањето на апликациите.

Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска информираше дека на Конкурсот пристигнале 3.769 валидни пријави, а вкупно за поддршка на проекти ќе бидат издвоени нешто над 1 милијарда денари. Најмногу буџетски средства од оваа Годишна програма се издвоени за музичка дејност, по што следуваат издавачката и драмската дејност.

„Министерството за култура во 2022 година поддржа проекти кои се во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата, со распределба на буџетските средства во услови на пандемија и на економска криза, без да се наруши принципот на приоритет на квалитетот, а не на квантитетот. Во вакви услови, дадена е предност на домашната „жива култура“. Особено внимание е посветено на поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или за лица со посебни потреби. Поддржани се и голем број проекти во кои до израз доаѓа интеркултурноста, а еднакво се водеше сметка за правичната застапеност по етничка основа и за родовата рамноправност“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката посочи дека и оваа година дел од апликантите се обидувале да го изиграат системот – од барања на превисоки суми, до конкурирање со стари, реализирани или веќе поддржани проекти од Министерството за култура. Имало и случаи кога ист автор бил пријавен во повеќе улоги во различни претстави, и покрај потпишаната изјава дека конкурира во само еден проект, пријави од лица кои не се македонски државјани, па се` до потписи на починати лица или лица кои воопшто не знаеле дека се предложени во конкретен проект.

„За жал има пријави кои не го задоволуваат ниту насловот на Конкурсот, но ние и добрите и лошите примери ги земаме како искуство за подобрување на годинешните конкурси“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Претседатели на комисиите што ги разгледуваа пристигнатите пријави по одделни дејности се: за литература и издавачка дејност – Весна Димовска; за драмска дејност – Синоличка Трпкова; за фолклор и сценско-уметничка дејност – Јашар Сејдиу; за музичка и музичко-сценска дејност – Бранка Костиќ-Марковиќ; за визуелни уметности, архитектура и дизајн – Соња Абаџиева; за интердисциплинарни проекти – Зоран Петровски; за меѓународна дејност – Енвер Абдулахи; за заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра – Валентино Димитровски; за музејска дејност – Фросина Зафировска; за библиотечна дејност – Славица Србиновска.

Целосниот список на поддржани проекти може да го најдете на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конкурсите за поддршка на проекти од културата…

Министерството за култура и туризам утре ќе…

Груевски до СДСМ: Попаметно е пред избори…

НЕ Е ПАМЕТНО СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ ДА…

Покана за промоција на Монографијата посветена на…

Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на…

Министерство за култура: Скандалозно е како досегашната…

Министерството за култура тврди дека директорката на…

Актерот Симонов добитник на престижната награда „Ристо…

Жири-комисијата на 31. Меѓународниот фестивал на камерен…