Самка си „бега“ од функцијата поради неисполнети барања, кој ќе го чисти снегот?

t

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски денеска најави оставка од функцијата заменик-директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат”, образложувајќи ја ваквата одлука со тврдењето дека како партија не им биле остварени ветувањата за нивно учество во извршната власт. Оваа одлука е донесена по денешниот состанок на Централното претседателство на ПЦЕР што се одржа во Тетово.

– Утре ќе ја депонирам мојата оставка од причини што не се исполнети ветувањата кои требаа да се исполнат кон нашата политичка партија. Втората одлука е сите едногласно по барање на повеќе ромски политички партии утре да имаме лидерска средба со сите ромски партии – да се донесе ромска платформа каде што ќе настапуваме заеднички на следните парламентарни избори. И тоа беше усвоено едногласно. Трета работа остануваме во коалиција со СДСМ се до средбата со новиот мандатар Ковачевски, да видиме кои се неговите мислења во делот на нашата коалиција, односно дали ќе има парче колач од она што е ветено да се даде на ПЦЕР, истакна Ибраимовски по состанокот.

Според Ибраимовски, ПЦЕР како една од најстарите коалициски партнери на СДСМ од осамостојувањето на земјата, сега од новиот мандатар Ковачевски ќе бара поинакво учеството во институциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

КСЗД: Ромите имаат нееднаква стартна основа и…

„Посиромашните реони (гета) или субурбаните области се…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…