Кој ќе ја напаѓа Романија?! Властите бесплатно делат таблети со јод во случај на нуклеарен напад
Неделава започнува дистрибуцијата на таблети калиум јодид до населението во Романија, пишува „Адеварул“.
Таблетите со јод бесплатно ќе се делат во општинските аптеки кои се објавени на веб-страницата на Министерството за здравство. Властите предупредуваат дека таблетите калиум јодид треба да се применуваат само во случај на нуклеарен испад или инцидент. Информативните материјали за правилна употреба на овие таблети ќе бидат достапни бесплатно во аптеките.
Информативниот прирачник наведува дека 65 mg калиум јодид треба да се користат само според упатствата од здравствените власти и само во случај на нуклеарна несреќа. Властите ќе ја информираат јавноста преку радио, телевизија, печат и сирени за цивилна заштита.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…
Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…
Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…
Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…
Политико: Бугарија и Романија се клучните земји…
Европската комисија презентираше нова стратегија за Црното…
Инцидент во Романија: Полицијата го отстрани претседателскиот…
Романскиот претседателски кандидат и лидер на националистичката…
Силен земјотрес во Романија!
Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според…