Краделе акумулатори од железница – притвор за двајца жители на Ресен
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 од Кривичниот законик.
За период од околу 2,5 месеци, од февруари до крајот на април годинава, двајцата осомничени жители на Ресен, во повеќе наврати насилно влегувале во објекти од цврста градба на железничката делница од пругата „Поранешно Фринко“ до селото Кремница, кои служеле за команда на светлосна и звучна сигнализација за железничкиот сообраќај.
Кршејќи ги решетките од долниот дел на вратите со кои биле обезбедени вкупно 8 објекти сопственост на оштетеното Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Македонија – Скопје, осомничените демонтирале и одзеле вкупно 58 акумулатори со различна јачина, со што ја загрозиле сигурноста на железничкиот сообраќај.
Потоа, двајцата осомничени ги продавале украдените акумулатори како отпадно железо.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од влијание врз сведоци во постапката, како и можност осомничените да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Краделе акумулатори од железница – притвор за…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола…
Тетовец фатен како краде возило од паркингот…
Приведен тетовец, фатен при обид да изврши…
Повторно ограбена фабриката за марихуана во Карбинци…
Украдени се и клима-уредите од фабриката за…
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Остана ли некој нормален? Повторно пријавена украдена…
Скопјанецот Г.Ј. (63) денеска пријавил во полиција…