Крадел од паркирани автомобили, уапсен кумановец

t

Денеска по полноќ млад кумановец се обидел да ограби паркирано возило.

Како што соопшти полицијата, во 03.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Д,(28) од Куманово. На булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, тој бил затекнат при обид да одземе предмети од паркирано возило. Исто така, тој се сомничи дека во текот на вечерта со употреба на сила влегол во неколку автомобили на различни локации во Куманово и одзел предмети. С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…