Крадец однел 7.000 евра од шупа во Гостивар

t

54-годишен крадец од Кавадарци, кој живее во Гостивар, е уапсен вчеравечер поради сомнение дека дента украл 7.000 евра од помошна просторија од куќа на 71-годишен жител на градот, соопшти МВР.

„На 20.03.2025 во 23.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Т.(54) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар. Тој се сомничи дека во периодот од 12.00 до 13.00 часот во помошна просторија од куќа на Р.Н.(71) од Гостивар извршил кражба, при што одзел околу 7.000 евра во разни апоени. Кај него биле пронајдени и одземени дел од парите. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, пишува во соопштението од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…

МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…

Драма кај Гостивар: Млада жена извлечена од…

Тежок сообраќаен инцидент се случи денеска на…

Деветгодишно дете тешко повредено откако го прегазиле…

Девојче на возраст од девет години од…

18 гостиварски судии тужеле оти погрешно им…

Во 2024 година бројот на тужби во…