Крадец уловен на дело од полицијата во Чаир!
На 05.11.2022 во 19.00 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од ЕВР Чаир бил лишен од слобода В.Б.(43) од с.Агино Село, поради тоа што бил затекнат на извршување кривично дело „кражба“ во правен субјект, каде бил вработен.
Од него биле одземени две цистерни и приколка, како и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело, прикачени на патничкото возило „фолксваген туаран“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, кои ќе бидат вратени на сопственикот.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител. По негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаирчанец ја нападнал вонбрачната партнерка со тврд…
Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред три дена…
СТРАШНО! Во Чаир нападнато цело семејство, им…
На 01.05.2024 во 23:00 часот во СВР…
30-дневен притвор за едно лице по обидот…
На 23.02.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…
Нападнати ученици во Чаир
На 08.02.2024 во 18:24 часот во СВР…
Пукање во Чаир – возач бегајќи, удрил…
Полициски службеници синоќа испукале два куршума во…