Кралицата Елизабета починала два часа пред да ѝ биде соопштено на јавноста
Кралицата Елизабета II не починала кога и е соопштено на јавноста. Новата премиерка на Британија Лиз Трас бил информирана за смртта на кралицата во 16:30 часот, изјави официјалниот портпарол на премиерката.
На новата премиерка Лиз Трас и беше кажано дека кралицата починала два часа пред светот да дознае. Г-ѓа Трас била информирана за смртта на кралицата во 16.30 часот, изјави официјалниот портпарол на премиерката, откако веста за смртта на Кралицата Елизабета и ја соопштил и секретарот на кабинетот Сајмон Кејс.
По 17 часот, неколку автомобили, вклучително и Ренџ Ровер управуван од принцот Вилијам, со принцот Ендру на совозачкото седиште и принцот Едвард и Софија во задниот дел, пристигнаа во Балморал. Сето ова се случи по седницата во парламентот на која пратениците изгледаа многу потресени.
За време на објавувањето на законот за енергетика од страна на премиерката Трас, Надим Захави влегол во салата и и пришол на премиерката и и дал порака, а потоа се повлекол. Претседателот на Парламентот рече: „Знам дека зборувам за целиот дом кога велам дека ги испраќаме нашите најдобри желби до нејзиното височество Кралицата и дека таа и кралското семејство се во нашите мисли и молитви во овој момент“.
Веста потоа и беше соопштена нацијата во 18:31 часот.
Во соопштението на Бакингемската палата се вели: „Кралицата почина мирно во Балморал попладнево. Кралот и кралицата ќе останат во Балморал вечерва, а утре ќе се вратат во Лондон“.