Кран-Монтана: Пожарот веројатно предизвикан од пиротехника
Катастрофалниот пожар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана е веројатно предизвикан од огнените прскалки на шишиња шампањ, соопштија властите. Во пожарот загинаа 40 лица а 119 се повредени, повеќето потешко.
Швајцарските власти за првпат излегоа со можната причина за катастрофата на новогодишната ноќ во барот „Ла Констеласион“ во монденскиот скијачки центар Кран-Монтана. Во фокусот е новогодишната пиротекника.
„ Сето укажува на тоа дека пожарот започнал од огнените прскалкки таканаречени ‘бенгалски огнови’ кои биле прикачени на шишиња шампањ“, изјави главната државна обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пијо, на денешната прес-конференција „Огнените искри допреле до таванот каде набргу избувнал пожар кој се проширил многу брзо.“, додаде Пијо. Според неа, оваа хипотеза е веројатна, но сè уште не е потврдена. Брзото ширење на огнот можеби било потпомогнато од акустичната пена за звучна изолација на таванот. Се истражува нејзината употреба, но засега нема конкретни заклучоцу, додаде Пијо. За оваа анализа беа разгледани видео снимки и изјави од сведоци.
Според шефот на полицијата на кантонот Вале, Фредерик Гислер, досега се идентификувани 113 од вкупно 119 повредени. Меѓу нив се 71 Швајцарец, 14 Французи, 11 Италијанци и четворица Срби. На медицински третман во соседните европски земји се префрлени 50 повредени, изјави претседателот на кантонот Вале, Матијас Ренар, на конференцијата.
Меѓу земјите кои ги примија повредените се Италија, Франција и Германија. Полска и Европската комисија, исто така, понудија медицинска помош. Идентификацијата на околу 40 жртви од пожарот сè уште е во тек, додаде шефот на полицијата Гислер. Тоа е процес што бара време, а полицијата се потпира на помошта на бројни експерти. телата често се изгорени до непрепознатливост. Една од првите жртви беше идентификуван 16-годишниот италијански голфер Емануеле Галепини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кран-Монтана: Пожарот веројатно предизвикан од пиротехника
Катастрофалниот пожар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана…
Д-р Панов: Бројот на срцеви или мозочни…
Бројот на срцеви или мозочни удари е…
Во 2026 година практично се враќаат визите…
Во 2026 година, ќе стапи на сила…
Има ли поубав почеток на Новата Година…
Има ли поубав почеток на Новата Година…
Од Кина сме се задолжиле уште 40…
За доизградба на автопатот Охрид - Кичево,…