Кратко траеше среќата? Уставниот суд ќе пресече дали пратениците и функционерите ќе земаат плата зголемена за 78%
Уставниот суд на Република Македонија отвори два предмети поврзани со платите на избраните и именуваните функционери кои добиваат зголемени плати за 78% откако Уставниот суд претходно донесе одлука со која укинуваат два члена од Законот за плата на функционерите.
Одлуката беше донесена на 21 март и со неа се укинуваат два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија со кои досега се одредувал фиксен износ на плата кој потоа служел како основа за определување на платите на функционерите согласно коефициетите за работното место по кои се множат и отсегакако основица се зема сумата на просечната плата исплатена минатата година според Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во продолжение информации за оспорените членови:
Оспорен: Член 11 од Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани именувани лица.
Подносител на иницијативата: Здружение на граѓани Заштита од дискриминација за давање на правна помош на дискриминирани лица Виница, претседател Коле Илијев
Од наводите во иницијативата:
Се наведува дека оспорената одредба е противуставна, дискриминаторски поставена во однос на пресметката на плата и другите надоместоци на останатите граѓани како лица во работен однос, односно не ги става во еднаква положба во правата во однос на другите граѓани.
Оспорен: Член 11 од Законот за плата и други надоместоци за избрани и именувани лица во Република Македонија
Подносител на иницијативата: Славица Илиејва
Од наводите во иницијативата:
Подносителката наведува дека одредбата е дискриминаторска во однос на останатите граѓани и спротивна на членот 32 став 3 од Уставот кој предвидува дека секој вработен има право на соодветна заработувачка, како и во спротивност со членот 51 од Уставот според кој законите мора да се усогласени со Уставот.
Од Уставниот суд претходно изјавија дека одлучувале по уставност на оспорени одредби а не за покачување на плати. За кусиот временски рок по кој е разгледан предметот и донесена одлуката нема одговор.
„ Уставниот суд не е орган кој одлучува за зголемување или намалување на плата, или одредување проценти и пресметки туку единствено оценува уставност на оспорени одредби, па согласно ова погрешно е и неосновано тврдењето дека со своја одлука Судот зголемил или намалил плати на именуваните и избраните лица, за што е надлежно Собранието преку донесување закон, каков што е законот во кој беа содржани укинатите одредби“, соопштија од Уставен суд.
Одлуките на Уставниот суд мора да се почитуваат е ставот на Владата. Сепак оттаму велат дека нема автоматски да се покачат платите на сите функционери и дека се работи на можноста за кратење на коефициентите при пресметка на платите. Тие биле против укинувањето на двата члена а министерството за труд и социјална политика дало негативно мислење.
Со месечна плата од над 166 илјади денари, најплатен функционер во државата е спикерот Џафери. Тој зема поголема плата и од Пендаровски на чија сметка веќе легнале 165 илјади. На трето место е премиерот со околу 156 илјади денари. Министерските плати, пак, ќе се движат од 150 до 120 илјади. А пратениците, по ново, ќе земаат 106 илјади денари.
Според бројките, работник на миминалец, ќе треба да работи 8 месеци за да заработи една премиерска плата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…