Крај на “драмата”: Аца Лукас ќе пее во Крива Паланка, Петар Грашо во Македонска Каменица
Конечно, по неколку дена “војна” за Аца Лукас, се знае каде ќе пее познатиот српски турбо-фолкер.
“Драмата” се случуваше поради грешка на менаџерскиот тим на Аца Лукас, кој на ист датум му закажал настап на две локации, во Македонска Каменица и Крива Паланка,.
Аца Лукас ќе настапи во Крива Паланка, во склоп на Џојфест, на 28-ми август, кој пак е во рамки на манифестацијата Кривопаланечко културно лето 2022. Настанот ќе се случува на градскиот плоштад.
Во Македонска Каменица соопштија дека на 28-ми август наместо Лукас, концерт ќе одржи хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо.
-Еден од најпознатите хрватски изведувачи, текстописци, кантавтори и композитори, човек кој во богатата кариера соработува со сите популарни балкански музичари и е добитник на сите музички награди во регионот, доаѓа во Македонска Каменица.
Петар Грашо со комплетна екипа е подготвен за спектакуларно музичко доживување- информираа од општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Кривата кула во Италија се соочува со…
Една од „кулите близначки“ на Болоња од…
Конгоанските мигранти ја напуштија зградата на поранешната…
Десетиците мигранти по потекло од Конго кои…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…
Петар Грашо го донесе во Скопје и…
Петар Грашо синоќа во Арената “Борис Трајковски“…