Крај на имплантите? Научниците успеаа да одгледаат заменски заби во лабораторија

t

Научниците направија голем чекор кон одгледување заби за замена во лабораторија, што би можело целосно да го промени пристапот кон стоматолошкиот третман, заменувајќи ги традиционалните пломби и забни импланти, објавува „Лајв саенс“.

Тим истражувачи од Кингс колеџот во Лондон разви иновативен материјал кој ја имитира природната средина на човечкото тело, според студија објавена во списанието „ACS Macro Letters“.

Во својата нова работа, научниците користеле хидрогел – мек материјал сличен на гел кој може да апсорбира големи количини вода и ја имитира природната средина на клетките. Тој им овозможува на матичните клетки полека да разменуваат сигнали, што го активира процесот на формирање на забите, слично на она што се случува во ембрионот. Ова беше голем пробив: претходните обиди не успеаја токму поради неправилен пренос на сигнали.

Одгледување заби од сопствените клетки на пациентот
Ова откритие овозможува одгледување заби од сопствените клетки на пациентот, објавува „Лајв саенс“.

Во иднина, забите одгледувани во лабораторија ќе можат целосно да ги заменат оштетените или изгубените и ќе се интегрираат во вилицата како природни заби, со многу помала веројатност за отфрлање.
Засега, истражувањето е во рана фаза, но научниците веќе работат на тоа како најдобро да ги трансплантираат овие заби – или со директно одгледување во устата или со имплантација на готови структури создадени во лабораторија.

Ваквите иновации би можеле радикално да ја променат иднината на стоматологијата, правејќи го стоматолошкиот третман поприроден, поефикасен и подолготраен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крај на имплантите? Научниците успеаа да одгледаат…

Научниците направија голем чекор кон одгледување заби…