Крај на ограничувањата: Белгија сериозно размислува за укинување на Ковид сертификатите
Владината коалициска партија на Социјалистите во Белгија најави дека сака укинување на ковид сертификатот за внатрешна употреба, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ова утро во интервју за радиото БЕЛ РТЛ го изјави претседателот на Социјалистичката партија, Пол Мањет.
Моментално во Белгија за влез во угостителски објекти, културни настани и други локали е потребен ковид пас, што потврдува дека лицето е или целосно вакцинирано или прележало Ковид-19 во последните четири месеци.
Мањет порача дека од март Белгија треба да го укине овој сертификат. Бројни епидемиолози и научници одамна предупредуваат дека сертификатот не спречува ширење на инфекцијата, бидејќи таа најмногу се пренесува на места каде не е потребен овој сертификат, како што се училиштата и работните места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Исчезнат“ Скопјанец се јавил од Белгија
Вчера во 15.00 часот во Полициското одделение…
(Видео) Прво големо изненадување на ЕП: Словачка…
Во денешниот трет ден од Европското првенство…
Белгиската телевизија го прекина настапот на Израел…
Белгиската телевизија VRT престана да го емитува…
Белгија започна истрага за руското мешање во…
Белгискиот премиер Александар де Кро денеска изјави…
Мерис: Белгија се надева на проширување оти…
Одбраната на владеењето на правото, демократијата и…