Крвава босанска одмазда по десет години – татко му пресудил на убиецот на неговиот син
36-годишен жител на село кај босанскиот град Травник е убиен вчера, а ден по убиството, се дознало дека станува збор за крвна одмазда – убиениот и самиот пред десетина години извршил убиство, а вчера нему му пресудил таткото на жртвата, јавуваат локалните медиуми.
Според информациите со кои располага порталот „Кликс“, по вчерашното убиство, бил уапсен осомничен, за кој било утврдено дека е таткото на млад човек кој бил убиен со нож пред својот дом во 2014 година, во друго село во близина на Травник.
Пред десет години Ајдин Клепиќ (20) бил прободен со нож во градите од Мирнес Захировиќ, додека неговиот татко Недим Клепиќ се здобил со полесни повреди. Судскиот епилог на тој случај тогаш предизвикал бурни реакции во јавноста бидејќи Захировиќ ја признал вината и добил казна од само три и пол години затвор. По изрекувањето на правосилната пресуда, тој бил целосно ослободен, а семејството Клепиќ тогаш судската одлука ја нарекло „срамна“. Во годините што следеа, семејството повеќепати поднесувало жалби и претставки за работата на судот и обвинителството, но пресудата не била променета.
Според извори блиски до истрагата, таткото на убиеното момче никогаш не успеал да ја преболи загубата на синот, ниту фактот дека насилникот добил лесна казна. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на Централниот босански кантон, тој синоќа со автоматска пушка го застрелал 36-годишниот Захировиќ, кој починал на самото место.
Осомничениот Недим Клепиќ по убиството избегал, но по неколку часа бил пронајден и уапсен, велат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крвава босанска одмазда по десет години –…
36-годишен жител на село кај босанскиот град…
„Белиот император“ отвора нова ера во воздушната…
Прототипот на кинескиот ловец од шестата генерација…
Тешко повреден скопјанец: Со возило удрил во…
На 27.12.2024 година во 09:20 часот во…
Мицкоски положи цвеќе на гробот на револуционерот…
Во чест на Македонскиот револуционер, борец за…
Русија тврди дека ја спречила Украина да…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во…