Објавено на:

Крвава одмазда на Турција врз курдските милитантни цели во Сирија и Ирак по терористичкиот напад во Анкара

t

Турција продолжува со воздушните напади врз курдските милитанти во Сирија и Ирак откако Курдистанската работничка партија (ПКК) изврши терористичкиот напад во средата на фабрика за авиони во Анкара, во кој загинаа пет лица, а десетици беа повредени.

Националната разузнавачка служба на Турција соопшти дека била насочена кон голем број на “стратешки локации” користени од страна на ПКК.

Вчера турските воздухопловни сили извршија воздушни напади врз слични цели во северна Сирија и северен Ирак, неколку часа откако владините претставници ја обвинија ПКК за смртоносниот напад врз седиштето на воздухопловната и одбранбената компанија ТУСАС.

Министерот за одбрана Јашар Ѓулер денеска изјави дека во воздушните напади вчера биле уништени 47 цели на ПКК, од кои 29 во Ирак и 18 во Сирија.

Од ПКК нема реакција во врска со нападите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште тројца повредени од Кочани ќе продолжат…

Турција продолжува да ја поддржува Северна Македонија…

Во Турција уапсени 37 лица поради објави…

Триеесет и седум лица се приведени во…

Добра вест од Анкара – Пет од…

Добрата вест денеска стигна од Турција, од…

Турција ќе отстранува кучиња од улиците откако…

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја…

На барање на САД Ирак го запира…

Ирак денеска ќе го запре увозот на…