Објавено на:

Крвава пресметка во Карпош – ученици се тепаа, па малолетник беше прободен со нож

t

Утринава во близина на хотелот „Карпош“ се случила пресметка меѓу две групи малолетници, при што едно лице било повредено со остар предмет. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот започнал со вербална расправија, која брзо ескалирала во физички конфликт.Од Градската општа болница „8 Септември“ потврдуваат дека кај нив е примен ученик од Средното училиште за дуално образование „Ѓорги Димитров“, кој имал убодна рана нанесена во угостителски објект во општина Карпош. Полицијата работи на расветлување на случајот, а повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата. Состојбата на повредениот ученик моментално е стабилна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца ученици со потекло од БиХ се…

Утрово во училиште во австрискиот град Грац…

Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…

Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…

Крвава пресметка во Карпош – ученици се…

Утринава во близина на хотелот „Карпош“ се…

Девојче земало 25 илјади евра од дома…

Скопската полиција информира дека малолетничка од Скопје…

(Видео) Децата бараат да учат без стаорци,…

Глувци се пронајдени во Основното училиште „Панајот…