Крвав инцидент во Сплит: Дете избодено со ножици, напаѓачот нема да оди на суд – роден е во 2011 година

t

Вознемирувачки случај на врсничко насилство е забележан во околината на хрватскиот град Сплит – во брутален напад, 13-годишно момче завршило во болница со убодна рана нанесена со ножици, а напаѓачот, негов врсник, не може кривично да одговара бидејќи е роден во 2011 година и нема наполнето 14 години.

Инцидентот се случил откако двете деца се скарале на игралиште, а дошло и до туркање, наводно поради девојче. Неофицијално, тогаш едното дете извадило ножици и го повредило врсникот во рамото. Жителите на Сплит се вознемирени и револтирани, пишува „Дневник“.

„Младоста не е под контрола и се случува она што се случува. За жал, ние сме немоќни, но тоа е тоа“, вели една жителка на хрватскиот град.

На двете момчиња по инцидентот им е укажана лекарска помош, а ранетото дете е оперирано.

„Во Сплитската болница е примено момче родено 2011 година со убодна рана, хоспитализирано е на Клиниката за детска хирургија, моментално е стабилно и надвор од животна опасност“, изјави Кристина Битанга од сплитската клиничка болница.

Полицијата извршила увид. Со оглед на тоа што се работи за дете кое нема 14 години и не може кривично да одговара, се поднесува посебен извештај до надлежниот државен правобранител.

„Доаѓа во државното правобранителство, се одбива и велат дека не одговара кривично. И се оди во Заводот за социјална работа. Значи, социјалната заштита носи одлуки во управната постапка што ќе биде со детето, родителите и дали ќе оди на училиште“, вели судијката Лана Пето Кујунџиќ.

Таа нагласува дека покрај важната улога на родителите, сите училишта треба систематски да ги учат децата како да се однесуваат ненасилно.

„Децата треба да се научат дека кога се лути, не треба да ги удираат пријателите и кога некој ги удира, дури и во игра, да не одат да се караат со нив, да им подметнат нога или да им прават нешто на своите пријатели. Не е важно дали изгубиле нешто, не постигнале гол или се чувствувале лошо“, вели судијката.

Според последните годишни податоци на хрватската полиција, забележан е пораст на сите форми на насилство кај младите – од физички напади, преку навреди, омаловажувања, до упорни малтретирања и закани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо на одмор, младите Босанци одат на…

Значително повисоките плати за истата работа, но…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

Хрватска ја враќа воената служба

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денес…

КФОР им додели медали на војници од…

Свечена церемонија за доделување медали на војници…