Крвав инцидент синоќа во Охрид, тројца млади луѓе избодени со нож
20-годишен жител на Охрид е уапсен откако синоќа со нож избол тројца млади луѓе пред спортска сала во градот, соопшти МВР.
„На 09.11.2024 во 00.25 часот, на пресекот на булеварот „Туристичка” со улицата „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија З.У.(20) од Охрид. Тој се сомничи дека е сторител на кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”, сторено на 08.11.2024 година во 23.30 часот пред спортска сала во Охрид. Притоа, со повреди нанесени со остар предмет се здобиле С.Д.(25) од селото Лактиње, општина Дебрца, Ф.Б.(22) и И.А.(22), двајцата од Охрид“, велат од полицијата.
„Во врска со овој настан, на 09.11.2024 во 00.40 часот, во СВР Охрид повикан е Х.С.(20) од Охрид и пронајдено е моторно возило „бмв” со охридски регистарски таблици, кое било управувано од осомничениот. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави“, додаваат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крвав инцидент синоќа во Охрид, тројца млади…
20-годишен жител на Охрид е уапсен откако…
Се претставувал како адвокат, иако функцијата му…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40)…
Голема акција на ОЈО во Тетово и…
Под раководство на јавен обвинител од Основното…
Шкотски предавач ненадејно почина за време на…
Ненадејно почина предавач од Шкотска за време…
Поднесено обвинение за дивоградба во Охрид
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…