Објавено на:

Кремљ: Вашингтон е нашиот главен соговорник во преговорите за Украина

t

Русија ги смета Соединетите Американски Држави за главен соговорник во преговорите за решавање на ситуацијата во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Наш главен соговорник во овој процес е Вашингтон“, рече Песков во интервју за Канал 1.
Тој истакна дека Киев „на овој или оној начин“ ќе биде вклучен во преговорите за решавање на ситуацијата во Украина, но дека ќе се одржи и билатерален дијалог меѓу Москва и Вашингтон.


Песков истакна дека Ријад е погоден како место за средба меѓу претседателите на Русија и САД, но дека се уште не се донесени конкретни одлуки. Тој исто така додаде дека земјите од ЕУ треба да разговараат со Вашингтон за можноста за нивно учество во процесот на решавање на ситуацијата во Украина.
Според Песков, работните контакти меѓу Русија и САД ќе бидат проширени во наредните денови.


„Сега, откако лидерите покажаа политичка волја и ги дадоа сите потребни инструкции на нивните помошници да почнат со работни контакти, треба да имаме малку трпение, овие работни контакти треба да се развијат. Тоа ќе се направи во наредните денови и недели. За време на тие работни контакти ќе има дискусии за начините како да се организира средба меѓу двајцата претседатели“, прецизираше портпаролот на Кремљ.
Песков, исто така, истакна дека се уште е рано да се зборува кога Путин и Трамп ќе ги искористат поканите што си ги испратија за официјална посета на САД и Русија.


Зборувајќи за комеморацијата на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, Песков рече дека рускиот лидер Владимир Путин со задоволство ќе ги пречека во Москва на Денот на победата сите лидери на големите земји кои ќе одлучат да дојдат, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп.
„Тој ден ја симболизира победата над фашизмот. А таа тема е, за жал, поактуелна од било кога. Затоа, ако има земји, особено големи земји, кои решат да ја споделат со нас радоста на таа победа и значењето на тој ден, тогаш секако дека ние, а особено претседателот Путин, со задоволство ќе ги пречекаме во Москва“, рече портпаролот на Кремљ.
Претседателите на Русија и на САД Владимир Путин и Доналд Трамп телефонски разговараа на 12 февруари. Лидерите разговарале за прашањето за прекин на борбите во Украина, билатералните односи и за ред други теми и се договориле да продолжат со контактите и да организираат средба. Потоа Трамп разговараше и со Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…

САД го поздравија успешниот крај на преговорите…

САД продолжија со испораката на оружје за…

Испораките на оружје од САД за Украина…

Косово ќе склучи договор за одбрана со…

Владата на Косово, иако во технички мандат…

Рубио: САД ја повикаа Москва да размисли…

Вашингтон разговараше за територијални отстапки со Киев,…

БОМБА ОД РУБИО: УКРАИНА Е ПОДГОТВЕНА ЗА…

Украина е подготвена за прекин на огнот,…