Објавено на:

Кремљ за новиот шеф на НАТО: Руте ѝ е добро познат на Москва…

t

Новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте и е добро познат на Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочувајќи дека Руте како премиер на Холандија зазел непомирлив однос кон Русија.
„Господин Руте ни е добро познат, тој помина повеќе од еден час на преговарачка маса со претседателот на Русија, Владимир Путин“, изјави Песков за новинарите, коментирајќи го назначувањето на Руте на функцијата нов генерален секретар на Алијансата.


Портпаролот истакна дека „некогаш постоеле надежи за градење добри прагматични односи“, додавајќи дека дијалогот се водел во тој дух.
„Потоа знаеме дека Холандија зазеде прилично непомирлива позиција, што подразбира целосно исклучување на какви било контакти со нашата земја. „Затоа не мислиме дека ќе има некои суштински новини во политиката на НАТО“, заклучи Песков.


Претходно, на 1 октомври, наместо Јенс Столтенберг, функцијата генерален секретар на НАТО ја презеде Марк Руте, поранешниот премиер на Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски разговарал со Руте, се размислува за…

Премиерот Мицкоски имал разговор со генералниот секретар…

Макрон ја повика Русија да го прифати…

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија…

Руте повика на нормализација на односите со…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе…

Членството на Украина во НАТО повеќе не…

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…