Кремљ за разговорот Вучиќ-Путин: Доаѓа во Москва на 9 мај, ќе испрати и вoјници на воената парада
Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, а по разговорот Кремљ излезе со соопштение во кое, меѓу другото, ја истакна поддршката за властите во Белград и противењето на какво било странско влијание врз внатрешните работи на Србија.
Според Кремљ, Путин му рекол на Вучиќ дека „надворешното мешање во внатрешната политичка ситуација во Србија е неприфатливо“ и изразил поддршка за постапките на легално избраната влада во Србија. Покрај тоа, Москва особено ја нагласи „солидарноста со претседателот на Република Српска, Милорад Додик“, се вели во официјалното соопштение на Кремљ објавено по разговорот.
Во текот на разговорот, Путин и Вучиќ, како што се наведува во соопштението, ја потврдиле меѓусебната подготвеност за дополнително зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Русија и Србија, кое се заснова на духовните, културните и историските врски на народите на двете земји.
Кремљ наведува и дека посебно внимание било посветено на конкретни прашања за понатамошна соработка во различни сектори, пред сè во областа на енергетиката.
Вучиќ, наведува понатаму Кремљ, потврдил дека во мај ќе отпатува за Москва за да ја одбележи 80-годишнината од победата во Втората светска војна и дека Србија ќе испрати припадници на своите вооружени сили на воената парада на 9 мај.
Во соопштението се додава дека Путин го искористил разговорот за да му го честита роденденот на Вучиќ.
„Владимир Путин ја искористи можноста да упати топли честитки до претседателот на Србија за неговиот неодамна прославен 55-ти роденден“, соопшти Кремљ.
Беше најавено и дека контактите на различни нивоа ќе продолжат, се заклучува во официјалното соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…
Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…
Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…
Брутален руски напад на Киев – најмалку…
Најмалку 15 лица се убиени, а 114…