Кремљ му порача на НАТО: Опасно е да се игнорираат зборовите на Путин
Одбивањето на раководството на НАТО да ги земе предвид изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за последиците од можните напади врз Русија со западно оружје е опасен и кусоглед чекор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Со тие зборови тој ја коментираше изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој рече дека Алијансата нема да стане дел од конфликтот во Украина доколку дозволи Киев да изврши напади длабоко на руска територија и дека тоа нема да биде црвена линија.
„Оваа очигледна желба да не се земе предвид изјавата на рускиот претседател е кратковид и непрофесионален чекор“, рече Песков.
Тој напомена и дека актуелниот генерален секретар на НАТО наскоро си заминува од функцијата и дека наскоро нема да мора да сноси одговорност за кажаните зборови.
„Сепак, таквиот став е крајно провокативен и опасен“, рече Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека претставниците на земјите од НАТО мора да разберат „со што си играат“ кога зборуваат за плановите да му се дозволи на Киев да погоди цели длабоко во руската територија користејќи ракетни системи предадени на вооружените сили на Украина. Според него, директното учество на Западот во конфликтот во Украина значително ќе ја промени неговата суштина и ќе значи дека членките на Северноатлантската алијанса – САД и европските земји – се во војна со Русија. Москва ќе носи одлуки врз основа на заканите што ќе се појават пред неа, истакна Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г.…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, поглавар…
Авион кружи над Скопје и не може…
Авио сообраќајот и утрово се соочува со…
Испечатените документи од јавни органи од денеска…
Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира…
Директорка барала од ученик да го скрати…
Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во гевгелиското…
Американскиот државен секретар оди во посета на…
Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен следната недела…